Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Гвен Стефани е новото лице на L'Oreal Paris

ВИДЕО: Гвен Стефани е новото лице на L'Oreal Paris

L'Oréal Paris израдува многу луѓе со тоа што ја избра Гвен Стефани за свое заштитно лице.

Пејачката, која во последно време реди успеси и во модната индустрија, е совршен избор за рекламирање на овој бренд, особено кога се знае дека првата реклама ќе биде за кармините Infallible La Rouge Lip Color.

Гвен е препознатлива по своите црвени усни, па не е тешко да се претпостави која боја ќе биде избрана за новата реклама.

Гвен СтефаниГвен Стефани е новото лице на Лореал

41-годишната пејачка со уникатен стил ќе им се придружи на Џенифер Лопез, Ева Лонгорија и Бијонсе, кои се препознатливи лица на Лореал.

„Не можам да поверувам дека ќе бидам една од девојките на L'Oréal Paris... Тоа што имам можност да работам со толку талентирани луѓе е навистина возбудливо. Јас сум среќна, среќна девојка“ – изјавила возбудено Гвен.

Засега е објавено само видео кое ја најавува рекламата со Гвен, а целосната реклама за прв пат ќе биде прикажана на 16 февруари за време на доделувањето на наградите „Златен глобус“.

Еве го видеото во кое се поставува прашањето: „Која е новата Лореал икона?“:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20851 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.