Халовин разнесе голема еуфорија низ Холивуд. Ѕвездите од шоу-бизнисот ја покажаа својата креативност со хумористични, секси, страшни и забавни маски.
Џенифер Лопез и нејзиното момче Каспер Смарт станаа хипици за Халовин. Парот кој е во врска повеќе од една година го прослави празникот во друштво на фанови во Германија.
Ријана е зелена „невеста“ во секси костим.
Сандра Булок и нејзиниот син Луис носеа маски инспирирани од „Toy Story“.
Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се држеа за раце додека беа на забава во Холивуд. Двајцата беа облечени во секојдневна облека, но носеа гумени проѕирни маски на лицата.
Лејди Гага очигледно не сакаше нејзиниот костим да покрива многу од горниот дел од телото. Познатата пејачка позираше до своја пријателка, која пак беше маскирана во Лејди Гага.
Мараја Кери, нејзиниот сопруг Ник Канон и близначињата Монро и Морокан позираат во слатки костими.
На Двејн Даглас Џонсон не му требаше костим, туку само боја за да се претвори во зелениот супер херој Халк.
Харисон Форд и Калиста Флокхарт.
Џесика Симпсон, Ерик Џонсон и нивната ќеркичка.
Нил Патрик Харис, Дејвид Буртка и нивните близначиња беа инспирирани од „Волшебникот од Оз“.
Мали Сајрус се маскира во Ники Минаж.
Кети Пери и нејзината пријателка Шенон Вудвард се маскираа во ликови од цртаните на MTV.
Кејт Мос и Џејми Хинс се инспирираа од Адамсови.
Ким Кардашијан и Кание Вест се маскираа во Бетмен и Жената Мачка.