Војводата и војвотката од Кембриџ се сретнаа со претседателот на Кина Си Ѓинпинг и неговата сопруга за време на нивната посета на Лондон.
За официјалната средба, војвотката Кетрин избра елегантен фустан од чипка од италијанската модна куќа Долче и Габана.











Ним им се придружи и популарниот актер Џеки Чен.




Кинескиот претседател и првата дама имаа можност да погледнат изложба која ги истакнува креативните и технолошките соработки помеѓу Кина и Велика Британија.
Претходната вечер, важните гости беа поканети на државен банкет во Бакингемската палата.