Британското кралско семејство присуствуваше на служба во Вестминистерската катедрала по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот во Лондон.
Војвотката Кетрин беше придружувана од принцот Вилијам и принцот Хари. Нејзиниот стајлинг вклучуваше сиво палто од Ердем, елегантен шешир од Џон Бојд и обувки од Руперт Сендерсон.














Кралицата Елизабета Втора, која следниот месец ќе го прослави својот 90. роденден, беше облечена во небесно сина комбинација. Од минатата година таа официјално е монархот кој најдолго владеел со Обединетото кралство.



