По повод Денот на Св. Патрик, војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја посетија ирската гарда во Алдершот, Хемпшир.
Кетрин изгледаше отмено во зелено палто од британскиот бренд Хобс и зелена шапка од Џина Фостер, додека Вилијам носеше униформа.
За време на церемонијата Кетрин им врачи на војниците детелина, што е традиција која започнала уште во 1901 година.
Додека траеле средбите, Вилијам бил запрашан дали со Кетрин планираат во скоро време да имаат уште едно дете. Тој одговорил: „Можеби еден ден. Едно е доволно засега.“
Кралскиот пар неодамна се врати од еднонеделен одмор на Малдиви, а веќе се подготвува за турнејата низ Нов Зеланд и Австралија на која ќе замине заедно со принцот Џорџ.