Војвотката Кетрин со стил ги извршува своите кралски задолженија. 35-годишната избраничка на принцот Вилијам секогаш зрачи со елеганција и мами исклучиво комплименти за својот изглед.
Кралскиот брачен пар вчера присуствуваше на конференција во Лондон за поддршка на организацијата „Heads Together“. Кетрин шармираше во пурпурно виолетов женски костум од Oscar de la Renta. Елегантниот избор таа го надополни со обувки од Gianvito Rossi и чантичка од Mullberry.





Претходно, Кетрин и Вилијам посетија деца во училиште во северен Лондон, по повод неделата посветена на менталното здравје на децата.












Ова е третпат, Кетрин да го носи црвениот костум од Луиза Спањоли. Првпат таа го носеше во 2011 година за посета на универзитетот „St Andrews“, а потоа во 2014 година за посета на Нов Зеланд со својот сопруг.

