Од јули минатата година Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс се официјално разведени. Поранешната семејна куќа на двете холивудски ѕвезди сега е на пазарот на недвижности.
Сајтот The Real Estalker објави дека околу шест месеци по разводот, поделбата на имотот на Скарлет и Рајан започна, па затоа нивниот поранешен дом се продава за 3,65 милиони долари.
Куќата, позната како „The Wrong House“, се наоѓа во Холивуд и вклучува четири спални соби и три бањи. Главната спална соба има и своја приватна градина и надворешна бања. Имотот е изграден во 1969 година, а се простира на површина од околу 260m2.
По разводот, двајцата актери продолжија со своите животи. Скарлет неодамна се појави во јавност со ново момче. Во јуни оваа година таа ја заврши петмесечната врска со Шон Пен.
Рајан моментално е во врска со ѕвездата на Gossip Girl, Блејк Лајвли.