Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс се разведуваат

Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс се разведуваат

Уште една холивудска двојка реши да се раздели пред празничната сезона. Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс одлучија да му стават крај на својот двегодишен брак.

Рајан Рејнолдс и Скарлет ЈохансонРајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон

Познатиот пар, кој редовно е вбројуван и меѓу најзгодните парови во Холивуд, пушти заедничко соопштение за јавноста со кое ја објави разделбата.

„По долго и внимателно размислување од двете страни, решивме да му ставиме крај на нашиот брак. Влеговме во нашата врска со љубов и со љубов и љубезност ја оставаме“ – се вели во соопштението.

Странските медиуми објавуваат дека 26-годишната актерка ја иницирала разделбата, поради тоа што поминувале премногу време разделени.

Рајан и Скарлет започнаа да излегуваат заедно во пролетта 2007г., се свршија во мај 2008г., а стапија во брак во септември истата година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18957 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.