Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Во плакарот на Тамара Еклстоун – 120 лобутинки, 30 Биркин чанти

ФОТО: Во плакарот на Тамара Еклстоун – 120 лобутинки, 30 Биркин чанти

Ќерките на првиот човек на Формула 1, Тамара и Петра Еклстоун, го обожаваат луксузот. 23-годишната Петра минатата година купи една од најскапите куќи во САД за околу 90 милиони долари, а нејзината сестра се преселува во нов луксузен дом во Лондон од 72 милиони долари.

Огромен простор од новата куќа на Тамара е отстапен за нејзиниот „плакар“. Облеката и обувките на богатата наследничка се разделени во неколку секции – вечерна облека, чанти, кежуал и облека за во фитнес сала, секојдневна облека...

Плакарот на Тамара

Меѓу многуте обувки можете да најдете 120 пара кои доаѓаат од рацете на Кристијан Лобутин, а во просек чинат по 800 долари.

Тамара е голема обожавателка на чантите, особено на оние со висока цена, па сосема очекувано е на фотографиите да видите Биркин чанта. Додека некои славни ѕвезди се гордеат што имаат 2-3 Биркин чанти, Тамара може да се пофали со импресивна колекција од 30 Биркин чанти. Само за информација, секоја од тие луксузни чанти чини од 9.000 до 150.000 долари.

Колекцијата Биркин чантиКолекцијата Биркин чанти

Зборувајќи за љубовта кон чантите и реакциите на својот татко Берни Еклстоун, Тамара за британскиот „InStyle“ изјавила: „Понекогаш тој ми вели: Уште една чанта, Тамара? Тоа е малку лудо... Сметам дека му е мило што не повредувам други луѓе. Никогаш не сум била на рехабилитација. Може да биде полошо.“

Плакарот на Тамара Плакарот на Тамара Плакарот на Тамара Плакарот на Тамара Плакарот на Тамара Плакарот на Тамара

Полниот плакар на Тамара ја зачудувал и нејзината мајка. „Мојата мајка влегува во плакарот и вели: Ти си болна Тамара! Ова не е нормално! Веројатно и не е, но... тоа ме прави среќна“ – вели таа.

Планот за плакарот на ТамараПланот за плакарот на Тамара

Во новиот дом Тамара ќе ја однесе и кристалната када која минатата година си ја купи за 1,5 милиони долари.

КадаКадата од 1,5 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19088 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.