Кортни Кардашијан го отвори широко својот плакар, исполнет со дизајнерски обувки и модни додатоци. Телевизиската ѕвезда од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ за „The Coveteur“ ја покажа богатата колекција обувки и чанти.
Во краткото интервју Кортни споделила дека отсекогаш се интересирала за мода и понекогаш си шиела и свои креации. „Учев моден дизајн во средно училиште, а потоа на колеџ учев дизајн на костими. Порано постојано шиев за пријателите. Мајка ми прави голема забава за Бадник секоја година и се сеќавам еднаш најдов еден фустан во списание, тоа беше фустан на Џил Стјуарт и си реков дека морам да го носам таа вечер. Фустанот беше од претстојна сезона, па сè уште не беше во продажба. Отидов во продавница за ткаенини и си го направив за да го носам на забавата. Се разбира дека не изгледаше толку слично, но го носев“ – изјавила таа.
Кортни изјавила и дека омилен филм ѝ е „Breakfast at Tiffany's“. „Порано го гледав постојано кога не бев расположена. Го немам гледано години наназад, но сакам стари филмови. Ги обожавам приказните во нив“ – рекла таа.
Иако модата е важен дел од нејзиниот живот, таа вели дека побрзо би одделила повеќе пари за уредување на домот отколку за полнење на плакарот. „Ако решам да трошам на нешто, тоа ќе биде попрво за мојот дом, а не за облека“ – признала таа.