Додека ја полни својата сметка со успешната турнеја „Diamonds“, Ријана не штеди кога станува збор за недвижни имоти. 25-годишната пејачка купи луксузна вила на Барбадос за 21,8 милиони долари.
Новиот имот во родното место на Ријана е во рамките на ресортот „One Sandy Lane“. „Ријана го купи имотот откако го изнајми за нејзиното семејство минатата година“ – пишува New York Post, цитирајќи анонимен извор.
Според странските медиуми, Ријана планира да поминува повеќе време во Барбадос со својата мајка Моника и дедото Лајонел.
Но, луксузната вила не е единствениот имот кој се поврзува со Ријана. Пред неколку дена таа се исели од куќата која ја купи минатата година во Лос Анџелес откако неколкупати во неа беа фатени провалници.
Наводно, по завршувањето на турнејата Ријана планира да се пресели во Њујорк. Па, додека не пронајде идеален стан за купување, таа изнајмува стан во Менхетен за 39.000 долари месечно.