Кара Делевин е сопственичка на забавен дом во Лос Анџелес низ кој ќе наидете на неочекувани катчиња.
Покер соба, бункер за журки со шипка за стриптиз, мини барови, голем шатор покрај базенот... 28-годишниот модел очигледно знае како да ги забавува гостите.
„Поради мојата работа носам многу различни капи и костими. Обожавам да се преобразувам во тие различни ликови, па сакав мојот дом да рефлектира повеќе различни теми и расположенија“ – појаснува таа.
Ѕирнете како изгледа внатре:















