Модниот дизајнер Марк Џејкобс ги отвори вратите на својот дом во Њујорк за списанието „Architectural Digest“.
Десетици слики и скулптури од познати уметници ги красат просториите. Коментирајќи го уредувањето, Марк вели: „Не сакам да има еден конкретен концепт или изглед. Само сакам да живеам со нешта кои искрено ги сакам – одличен арт деко мебел, парчиња од 70-тите и современа уметност“.
Фрлете поглед на клучните места низ куќата на Џејкобс во Менхетн.