Бритни Спирс ќе се збогува со еден од своите имоти. Музичката ѕвезда го објави за продажба својот дом во Таузанд Оукс, Калифорнија, кој го поседуваше четири години.
Имотот се протега на 785m2, а во него спаѓаат пет спални соби, седум бањи, две канцеларии, домашно мини-кино, базен и прекрасен поглед кон планините Санта Моника.
Идниот сопственик, на кого Бритни ќе му ги предаде клучевите од убавата куќа со медитерански стил, ќе треба да се раздели со 8,9 милиони долари.































