Винсент Касел и Тина Кунаки стапија во брак. 51-годишниот актер и 21-годишниот модел се венчаа за време на церемонија во Франција.
Младенците беа фотографирани додека среќно ги правеа првите чекори како брачен пар. Невестата носеше креација од Вера Ванг.
Касел и Кунаки, кои се во врска од 2016 година, снимија фотосесија за Vanity Fair во која ја покажуваат љубовта еден за друг.
Винсент претходно беше 14 години во брак со Моника Белучи. Тие се родители на две ќерки, а објавија дека се разделуваат во 2013 година.