Моника Белучи и Винсент Касел се обединија за да ја промовираат новата подобрена верзија од нивниот заеднички филм „Irréversible“ од 2002 година.
54-годишната актерка и 52-годишниот актер, кои беа во брак 14 години и се разведоа во 2013 година, позираа заедно на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција.
Славната Италијанка носеше црвена креација со чипка од Долче и Габана.
Поранешниот пар позираше и со режисерот Гаспар Ное.
Моника и Винсент присуствуваа и на настан за новинарите во рамките на фестивалот.
Моника и Винсент имаат две ќерки - Дева и Леони.