Винсент Касел и Тина Кунаки го очекуваат своето прво дете.
52-годишниот француски актер ја потврди веста со видео на кое ѝ го бакнува и гали трудничкото стомаче на 21-годишната сопруга на плажа во Бразил.
Тина сподели и фотографија на која позира како од мајка родена, со голем шешир.
Винсент и Тина се заедно од 2016 година, а се венчаа во август минатата година.
Винсент претходно беше 14 години во брак со Моника Белучи. Тие се родители на две ќерки, а објавија дека се разделуваат во 2013 година.