Ќерката на Моника Белучи порасна и сè повеќе наликува на својата славна мајка.
14-годишната Дева беше „уловена“ од папараците на плажа, а фотографиите привлекоа огромно внимание, поради тоа што Белучи не го експонира својот семеен живот пред јавноста.
Фотографиите се направени на плажа во Рио де Жанеиро, каде Дева се релаксираше со татко си Винсент Касел и неговата 21-годишна сопруга Тина Кунаки, со која очекува бебе.
Многумина побрзаа да искоментираат за сличноста во изгледот помеѓу младата девојка и Белучи.
Винсент и Тина се заедно од 2016 година, а се венчаа во август минатата година.
Винсент и Моника се разделија во 2013 година.