Вилијам Леви го промовираше својот најнов филм „Resident Evil: The Final Chapter“ во Лос Анџелес. 36-годишниот актер, кој неретко е нарекуван мексиканскиот Бред Пит, беше придружуван од својата девојка Елизабет Гутиерез.
На црвениот тепих, славните актери во елегантно издание позираа прегрнати пред бројните фоторепортери.



Елизабет и Вилијам се заедно од 2003 година. Леви во мај 2011 објави дека се разделуваат, но тие успеаја да ја обноват својата врска. Познатите актери заедно имаат две деца – шестгодишната ќерка Кејли Александра и десетгодишниот син Кристофер Александар.





Елизабет и Вилијам постојано споделуваат фотографии од својата фамилија на Instagram.