Елизабет Гутиерез пред неколку дена го прослави својот 39-ти роденден. Познатата актерка славеше заедно со саканиот Вилијам Леви, двете деца и бројни пријатели.
Парот сподели фотографии од роденденската забава на јахта каде сите дами беа облечени во бело и носеа цветни венчиња.
Елизабет насмеана позираше со 8-годишната ќерка Кејли Александра и 11-годишниот син Кристофер Александар.
Елизабет и 37-годишниот актер, кој неретко е нарекуван мексиканскиот Бред Пит, се заедно од 2003 година.
Леви во мај 2011 објави дека се разделуваат, но тие успеаја да ја обноват својата врска.