Џенифер Лопез изгледа феноменално во нејзиниот најнов спот за песната „I’m Into You“.
Видеото кое е режирано од познатата Мелина Мацукас било снимано на егзотични локации во Мексико, а во него Џенифер повторно ги покажува своите танцувачки способности и својот сексапил. Спотот премиерно беше прикажан вчера во емисијата Today.
Џенифер, која неодамна беше прогласена за најубава жена на светот од списанието People, изјавила дека го избрала Леви за партнер затоа што нејзините роднини секој ден гледале теленовели само за да го гледаат него.
„I’m Into You“ е соработка на Џеј Ло со раперот Лил Вејн и е дел од најновиот албум на славната пејачка, Love?.