Додека надвор температурите опаѓаат, ни останува само да фантазираме за тропски дестинации. Дизајнерката Дона Каран продава две вили кои искушуваат со егзотичниот изглед, а се наоѓаат на Туркс и Кајкос.
Атрактивната локација придонесува цената на имотот да достигне 39 милиони долари.
Вилите се во непосредна близина на плажа со бел песок и тиркизна вода, а вклучуваат студио за јога, дрвени тераси и еклектички уметнички дела од целиот свет.