Викторија и Дејвид Бекам беа едни од славните гости кои Ана Винтур ги покани да присуствуваат на својата отмена домашна забава. Популарниот пар беше фотографиран додека се упатуваше кон домот на уредничката на „Вог“ во Големото јаболко.
41-годишната дизајнерка и 40-годишниот спортист изгледаа модерно и шик во елегантни костуми. Белиот женски костум кој го избра Викторија сосем очекувано го носи нејзиниот потпис.
















Претходно, Дејвид и Викторија беа „уловени“ од папараците на прошетка со ќеркичката Харпер. На фотографиите, поранешната членка на „Spice Girls“ во рацете носи црвен балон во форма на срце.


