Викторија и Дејвид Бекам беа гости на манифестацијата по повод доделувањето на британските модни награди.
41-годишната дизајнерка носеше црна креација од своја колекција, додека 40-годишниот поранешен фудбалер изгледаше отмено во костум од модната куќа Burberry.






Дејвид деновиве е присутен во медиумите заради новата титула „Најсекси маж на светот“ која му ја додели списанието „People“.