Викторија Бекам ја презентираше својата нова колекција на ревија, која се одржа во рамките на Њујоршката недела на модата. 42-годишната дизајнерка прослави за успешното модно шоу со сопругот Дејвид и нивниот најстар син Бруклин.
Славното трио беше фотографирано додека се упатуваше кон ресторанот „Balthazar“ во Големото јаболко.
Како и обично, популарната поранешна членка на Spice Girls носеше креација од својата нова колекција. Виолетовиот цветен фустан таа го искомбинира со бежови сандали и чантичка во ментол зелена боја.














Погледнете и фотографии од ревијата на која беше претставена колекцијата пролет/лето 2017:

