Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Викторија Бекам модна уредничка и модел за „Glamour“

ФОТО: Викторија Бекам модна уредничка и модел за „Glamour“

Викторија Бекам позира со тијара на главата во када полна со пена за насловната страна на септемвриското издание на „Glamour“. Но, успешната модна дизајнерка не беше само модел за новото издание на списанието, туку се покажа и во улога на модна уредничка.

Викторија Бекам

38-годишната сопруга на Дејвид Бекам беше поканета да помогне во подготовката на списанието, а таа со задоволство се вклучи и повеќе отколку што некој очекувал. По нејзина идеја во списанието бил вклучен едиторијал со Лили Колинс, а исто така направила и модна сторија за британскиот бенд „The Wanted“.

Во интервјуто таа проговорила за тоа зошто не се смее, за плановите за уште едно дете и за еротскиот роман „Fifty Shades of Grey“.

Викторија Бекам

За отсуството на насмевка на нејзиното лице: „Знаете што, не знам зошто. Всушност, порано многу се смеев на фотографии. Мислам дека престанав да се смеам кога влегов во модата. Модата ја украде мојата насмевка! Ја создадов оваа личност и не велам дека тоа не сум јас, но не би рекла дека тоа е сè од мене... Тоа е штит кој се крева.“

За нејзината мајка и читањето на „Fifty Shades of Grey“: „Ја купив книгата и за мајка ми. Но, секогаш кога ќе се обиде да разговара со мене за тоа, јас ја одбегнувам темата. Не сакам да разговарам со мајка ми за S&M.“

За идејата за петто дете: „Никогаш не би рекла никогаш за уште едно бебе.“

Викторија Бекам

Погледнете ја Викторија во улогата на модна уредничка и модел:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19108 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.