Викторија Бекам ја проширува својата модна империја. Славната дизајнерка отвори свој бутик во Хонгконг.
На отворањето на продавницата за луксузна облека и модни додатоци, Бекам присуствуваше лично и имаше можност да се подружи со своите фанови.
„Процесот не е едноставен. Отворањето на бутик е огромен проект. Заедно со мојот тим работевме напорно за да стигнеме дотука. Знам дека азиските жени навистина го разбираат луксузот и добриот квалитет и ценат кога облеката е добро изработена, а мојата е“ – изјавила таа.



















За време на својот престој во Хонгконг, Викторија гостуваше на хуманитарната гала на amFAR, каде беше удостоена со признание за нејзиниот придонес во борбата за искоренување на сидата.
На свеченоста, 41-годишната сопруга на Дејвид Бекам носеше сопствена креација од колекцијата есен/зима 2016.






