Шакира настапи на полувремето од финалето на Копа Америка.
На стадионот „Hard Rock“ во Мајами, 47-годишната пејачка со енергичен настап ги забавуваше присутните.
Атрактивната Колумбијка зрачеше со сексапил во блескав аутфит и складни чизми додека ги изведуваше хитовите „Hips Don’t Lie”, „Te Felicito”, „TQG” и „Puntería“.
Видео:
На финалето на Копа Америка се натпреваруваа Аргентина и Колумбија, која е родна земја на Шакира. Трофејот заврши во рацете на екипата на Аргентина.