Селин Дион не можеше да си ги задржи солзите на Billboard Music Award кога синот неочекувано излезе да ѝ додели награда.
48-годишната дива беше прогласена за музичка икона, а наградата „Billboard Music Icon Award“ ѝ беше врачена од синот Рене-Чарлз. Во својот говор, Дион му ја посвети специјалната награда на сопругот Рене, кој почина во јануари годинава. „Извинете, не сакам да плачам пред вас. Сакам да бидам силна за моето семејство и децата... Рене ова е за тебе. Шоуто мора да продолжи“ – рече низ солзи таа.
Видео








Подоцна, Селин настапи на сцената со омилената песна на Рене „The Show Must Go On“ од Queen. Тоа беше прв настап пренесуван на ТВ на Селин Дион по неговата смрт.
Видео
















