Мајли Сајрус продолжува да провоцира и да користи тактики кои ги поттикнуваат луѓето да зборуваат.
На доделувањето на MTV EMA во Амстердам, 20-годишната пејачка се појави во ултра краток фустан со длабоко V-деколте и гол грб, додека за настапот на сцената избра бело и светкаво трико. Но, минималната облека на Сајрус не беше причината поради која таа го привлече вниманието на светските медиуми.
Додека ја примаше наградата за Најдобар спот за „Wrecking Ball“, Мајли запали џоинт на сцената.