Кети Пери за првпат го краси американскиот „Вог“. Музичката ѕвезда позираше за модната библија во дизајнерски креации од модни куќи како Прада, Мајкл Корс, Blumarine, Зак Позен, Долче и Габана и Валентино.
Дополнително, 28-годишната пејачка сними видео во кое ја покажува својата бјути трансформација – од девојка без шминка до гламурозна дама подготвена за свечени прилики.
Во интервјуто за списанието, Пери зборувала за неуспешниот брак со Расел Бренд и за завршената врска со Џон Мејер.
За Расел Бренд: „Тој е многу умен човек и јас бев заљубена во него кога се омажив за него. Да речеме дека немаме зборувано откако ми прати порака дека се разведува од мене на 31 декември 2011.“
За врската со Џон Мејер: „Готово е. Бев лудо заљубена во него. Сè уште сум лудо заљубена во него. За таа врска можам само да кажам дека тој има прекрасен ум. Прекрасен ум, измачена душа. Морам да откријам зошто ме привлекуваат овие „скршени“ птици.“