Ванеса Хаџенс повторно се најде во центарот на скандал со голи фотографии. Актерката која се прослави благодарение на „High School Musical“ е бесна што се објавени нови провокативни фотографии и веќе има ангажирано адвокат за да се пронајде одговорното лице.
На дел од фотографиите Ванеса е целосно гола, а на една фотографија се бакнува со друга девојка, за која се верува дека е актерката Алекса Николас. Постои и уште една фотографија која е премногу експлицитна за да се објави, дури и со цензура.
Иако фотографиите беа објавени пред два дена, тие се направени во 2007г., во истото време како и фотографиите кои пред неколку години се најдоа пред очите на јавноста.
„Ванеса е длабоко вознемирена и бесна што овие стари фотографии, кои беа сликани пред неколку години, продолжуваат да се објавуваат“ – изјавил Кристофер Вонг, адвокатот на Хаџенс.
Некои сметаат дека фотографиите намерно се објавени токму сега, затоа што Ванеса се подготвува да го промовира нејзиниот најнов филм Sucker Punch, па се очекува скандалот да ѝ наштети.