Ванеса Хаџенс има радосни вести. 34-годишната ѕвезда од „High School Musical“ го прифати предлогот за брак на саканиот Кол Такер.
Славната актерка ја потврди веста за веридбата на Instagram. „ДА. Не може да бидеме посреќни“ – напиша таа во описот на фотографиите, на кои го покажува и прстенот.
Романтичното запросување се случило за време на нивно патување во Париз.
Ванеса и Кол се заедно од ноември 2020 година. Таа претходно беше во врска со Зак Ефрон и Остин Батлер.