Ванеса Хаџенс е новото заштитно лице на американскиот бренд Candie’s.
22-годишната актерка и пејачка доаѓа на местото на Бритни, која беше рекламно лице на брендот за минатата година. Во соработка со Candie’s, Бритни лансира и своја модна линија. Претходно, Хилари Даф и Ферги ги красеа веселите реклами на Candie’s.
„Откако ја видов Ферги во рекламите на Candie’s се заљубив. Многу сум почестена што сега имам можност да бидам Candie’s девојка“ – изјавила Ванеса.
Рекламната кампања со ѕвездата од „High School Musical“ ќе биде лансирана во март. Неодамна Хаџенс ја имаше својата прва фотосесија во Калифорнија. Еве видео од зад сцената: