На професионален план, Џенифер Лопез деновиве е фокусирана на промовирање на својот најнов филм „Second Act“.
49-годишната музичка и филмска ѕвезда позираше пред сребрена елка на настан за новинарите кој се одржа во хотелот „Four Seasons“ во Беверли Хилс. Стајлингот на Лопез вклучуваше црн фустан со бели јаки од модната куќа Валентино и високи чизми од Касадеи.
Пред бројните фоторепортери застанаа и нејзините колеги од филмот – Ванеса Хаџенс, Лиа Ремини и Мајло Вентимилија.