Зак Ефрон и Ванеса Хаџенс решија да стават крај на својата врска. Младите актери ја започнаа врската уште кога беа тинејџери и беа вбројувани во младите златни парови на Холивуд.
„Не е ништо драматично. Нема вмешани трети лица“ – изјавил извор за E Online. „Тие 100% сè уште се добри пријатели“ – пишува списанието People.
23-годишниот Зак и 22-годишната Ванеса се запознаа на снимањето на „High School Musical“.
Зак во моментов го снима филмот „The Lucky One“ во Њу Орлеанс, а Ванеса на Хаваи го снима „Journey 2: The Mysterious Island“.