Скарлет Јохансон мамеше воздишки на холивудската премиера на филмот „Captain America: The Winter Soldier“.
29-годишната ѕвезда за свеченоста избра креација од високата мода на Џорџо Армани. Елегантната црно-бела креација вешто го сокриваше трудничкото стомаче на популарната актерка која го очекува своето прво дете.
Обувките со чипка од Кристијан Лобутин на одличен начин го надополнија изгледот на Јохансон.
Иако е во блажена состојба, Скарлет изјавила дека ќе продолжи да го снима филмот „The Avengers: Age of Ultron“ без одложување.
Привлечната актерка го прифати предлогот за брак на Французинот Ромен Дорјак во септември минатата година.