Сиара го покажа големото трудничко стомаче на овогодишната конференција на „MAKERS“, одржана во Калифорнија.
На настанот, кој го насочува вниманието на јавноста кон проблеми како насилство врз жените и инклузија, 31-годишната пејачка позираше покрај сопругот Расел Вилсон во бел фустан и бело сако. Славната музичарка ги изненади своите фанови, појавувајќи се без шминка.
Сиара сподели дека е бремена во октомври минатата година со слатка фотографија објавена на Instagram. Ова е второ дете на музичката ѕвезда, која има син со раперот Фјучр.
Сиара и Расел се во врска од април 2015 година, а во јули минатата година стапија во брак. Тие привлекоа големо внимание кога споделија дека поради религиозни причини, нема да имаат сексуални односи пред стапувањето во брак.