Сиара ја претстави својата ќеркичка пред светот. Популарната пејачка објави фотографии со 9-месечната Сиена, направени од нејзиниот сопруг Расел Вилсон.
„Денес е само почеток, ќе споделам со вас нешто што ми е многу драго... запознајте ја мојата ќеркичка на мојата Trace Me апликација“ – напиша таа, промовирајќи ја апликацијата преку која ќе споделува повеќе за својот приватен живот, но и за својата музика и модата.
Слатката Сиена е второ дете на 31-годишната музичка ѕвезда, која има и синче со раперот Фјучр.
Сиара и Расел ја крунисаа својата врска со брак во јули 2006 година.