Адел и Сајмон Конеки се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете. 24-годишната пејачка за првпат го покажа големото стомаче на прошетка низ Лондон.
Иако деновиве медиумите еуфорично пишуваа дека Адел тајно се омажила, британската музичка ѕвезда ги негираше гласините.
„Не сум мажена...Zzzzzzz“ – напиша таа на Twitter.
Адел и Сајмон објавија дека се во врска во јануари годинава. Само шест месеци подоцна, Адел на својот официјален веб сајт објави дека е бремена. Среќниот пар не откри кога го очекува раѓањето на бебето, ниту пак дали имаат планови за свадба.