Адел го очекува своето прво дете. 24-годишната музичка сензација објави на својот веб сајт дека ќе стане мајка.
„Имам вести... Со огромна радост соопштувам дека јас и Сајмон го очекуваме нашето прво дете. Сакав да ја слушнете веста директно од мене. Очигледно ние сме пресреќни и многу возбудени, но ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој скапоцен период. Ваша засекогаш, Адел хх“ – пишува таа.
Адел за првпат беше забележана во друштво на Сајмон во јануари оваа година. 38-годишниот избраник на Адел е разведен и има една ќерка.