Откако стана мајка, Адел целосно му се посвети на синчето и многу ретко се појавува во јавност. 25-годишната пејачка за првпат по подолго време беше фотографирана во клуб во Лондон каде Лејди Гага одржа приватен концерт.
Адел се забавуваше заедно со Сајмон Конеки со кого е во врска две години.
На приватната забава присуствуваа и ѕвездите од новиот филм „Noah“, Ема Вотсон и Даглас Бут.