Бред Пит и Марион Котијар присуствуваа на премиерата на својот нов заеднички филм „Allied“. Ова е првпат по разводот со Анџелина Џоли, 52-годишниот актер да зачекори на црвениот тепих на холивудски настан.


Во Лос Анџелес, славните актери позираа заедно пред бројните фоторепортери.
Веднаш по разводот на „златната двојка на Холивуд“, започнаа да кружат гласини дека Бред и Марион имаат афера, но 40-годишната актерка ги негираше шпекулациите, откривајќи дека е бремена со второто дете со својот партнер Гијом Кане.





Вчера медиумите објавија дека Бред е ослободен од сите обвиненија за малтретирање на децата, а според него, тоа ќе му послужи како силно оружје во борбата за старателство.












„Allied“ е режиран од Оскаровецот Роберт Замекис. Дејството во филмот се одвива во 1942 година за време на Втората светска војна, а раскажува приказна за двајца шпиони кои се вљубуваат додека се на мисија во која треба да убијат германски амбасадор, но нивната врска е загрозена од екстремните притисоци на војната.