Бред Пит ја доби улогата на агент и грижлив татко во новиот филм „Five Seconds of Silence“. Во него, 52-годишниот актер и Марион Котијар се во брак и имаат мала ќеркичка.
На фотографиите направени на снимањето, Пит го држи во рацете и го бакнува малото девојче кое е облечено во розово.



Дејството во филмот се одвива во 1942 година за време на Втората светска војна. Пит глуми шпион, кој се вљубува во француска агентка (Котијар) за која подоцна ќе дознае дека е нацистички шпион. Филмскиот проект моментално се снима во Лондон.


















„Five Seconds of Silence“ е режиран од Оскаровецот Роберт Замекис, а ќе се прикажува во киносалите ширум светот од 23 ноември оваа година.