Блејк Лајвли ја доби улогата на Адалин Бауман, девојка која не старее, во романтичната драма „The Age of Adaline“.
Во филмот, Адалин на 29 години преживува сообраќајна несреќа, по која необјасниво станува бесмртна.
Филмската екипа објави неколку постери за филмот на кои е прикажан стилот на Адалин во различни децении од нејзиниот живот.
Лајвли е амбасадор на Гучи, па не е изненадување што голем дел од парчињата облека кои таа ги носи во филмот се креации од италијанската модна куќа.