Блејк Лајвли се врати на насловната страница на „Вог“. 26-годишната актерка позираше за модната библија пред врвниот фотограф Марио Тестино.
Фотосесијата во вестерн стил била направена во Џексон Хол, Вајоминг, а ѕвездата од „Gossip Girl“ носела креации од модни куќи како Мајкл Корс, Ралф Лорен, Алберта Ферети, Барбери, Марни, Филип Лим, Шанел и Марк Џејкобс.
Во интервјуто за списанието, Блејк потврдила дека наскоро ќе лансира сајт за животен стил, наречен Preserve. Исто така, зборувала за нејзиниот најнов филмски проект „The Age of Adaline“, чија премиера е закажана за следната година. „Едноставно не можев да го одбијам тој филм. Има толку многу убаво сценарио, а и ретко може да видите жена во центарот на филм“ – рекла Лајвли која ќе глуми девојка што не старее.
Коментирајќи го брачниот живот со Рајан Рејнолдс, Блејк изјавила: „Сѐ што правиме во животот, го правиме заедно.“