Блејк Лајвли освои многу обожаватели со стилот на Серена во серијата „Gossip Girl“, но исто така и со својот беспрекорен стил на црвениот тепих. Па, не се ни очекува модна грешка од нејзина страна.
25-годишната ѕвезда беше фотографирана на улиците низ Њујорк додека позираше за реномираниот фотограф Патрик Демаршелие. Убавата сопруга на Рајан Рејнолдс изгледа шик во секоја модна комбинација, независно дали тоа е мини фустанче со високи чизми или бело здолниште со шпиц чизмички до глужд.
Пред неколку дена Лајвли присуствуваше на ѕвездениот МЕТ бал, каде се појави во драматична тоалета на Гучи.