Денот на мајката, кој во САД се празнуваше на 10 мај, поттикна милиони луѓе да им се заблагодарат на најважните жени во нивните животи. И славните дами не пропуштија да го одбележат овој ден. Најголемиот дел од нив ја воздигнаа улогата „мајка“ преку објавување на фотографии со емотивни пораки на социјалните мрежи.
Бијонсе
Бијонсе на Instagram постави фотографија на која позира со својата ќерка Блу Ајви и фотографија од својата мајка Тина и од неа од времето кога била на слична возраст како Блу Ајви. Не може да не се забележи огромната сличност меѓу 3-годишната Ајви и малата Бијонсе. „Им испраќам љубов на сите мајки низ светот“ – напиша 33-годишната пејачка.

Џенифер Лопез
Џеј Ло позира со своите весели близначиња Макс и Еми на фотографијата по повод Денот на мајката. „Среќен Ден на мајката на сите неверојатни мајки насекаде“ – напиша Лопез.

Адријана Лима
Лима сподели фотографија од својата мајка и ѝ се заблагодари за големата љубов која ја добивала од неа.

Ирина Шајк
„Без тебе не би била жената која сум денес“ – напиша славната Русинка на Instagram и покажа фотографии од своето детство.

Бритни Спирс
„Се чувствувам многу специјално и сум горда што сум мајка на овие прекрасни момчиња. Ги сакам!“ – напиша Спирс до фотографијата со синовите.

Жизел Бундхен
„На овој специјален ден сакам да им оддадам почит на Мајката Земја, на мајка ми и на сите мајки, баби, прабаби, тетки, сестри, пријатели и негувателки кои се грижеле и сакале некого и се поддржувале една со друга во текот на најважната улога во нашите животи. Кога станав мајка, мислев дека има многу што да ги учам моите деца, но открив дека тие станаа моите најголеми учители, постојано учејќи ме на трпение, скромност и безусловна љубов. Среќен Ден на мајката на сите. Те сакам мамо!“ – напиша Жизел и објави фотографија со својата мајка.

Џесика Алба
Џесика ѝ се заблагодари на својата мајка Кети за тоа што верувала во неа и ја охрабрувала. На објавената фотографија малата Џесика позира до мајка си.

Сопругот на Алба, Кеш Ворен, постави на Instagram фотографија од Алба со ќеркичките Хонор и Хевен и напиша: „Нашите малечки се толку среќни што те имаат тебе за мајка. И јас сум благодарен што те имам во својот тим.“

Мадона
Мадона сподели фотографија од своите 4 деца со пораката: „Најсреќната мајка на светот!“

