Бијонсе неретко го украсува своето тело со привремени тетоважи, па не е изненадувачки што музичката ѕвезда реши да создаде и своја колекција од привремените украси за тело.
Колекцијата се состои од 57 дизајни, во кои се вклучени и зборови од популарните песни на талентираната пејачка. За дизајнирањето на тетоважите, Бијонсе соработуваше со Миранда Бурнет, основач на компанијата за привремени тетоважи „Flash Tattoos“.
„Работењето со Бијонсе е неверојатно – таа имаше навистина оригинални и убави идеи. Дојдовме до колекција со која сите ние навистина се гордееме и возбудени сме да ја носиме“ – изјавила Миранда и дополнила дека дизајните ја опишуваат Бијонсе како жестока, прекрасна и беспрекорна.










