Бијонсе гордо позира покажувајќи ги своите облини на фотографиите од новото издание на списанието „Flaunt“.
Музичката дива застана пред објективот на Тони Дуран прекриена во светкава боја и со драматична шминка на лицето.
Едиторијалот инспириран од Африка бил направен во 2011 година, но фотографиите се објавени дури сега.
Во интервјуто за списанието, Бијонсе споделила дека единственото парче облека без кое не може да живее е бела маичка. На прашањето што ѝ предизвикува здодевност, таа одговорила: „Отсуство на креативност.“